Ги дочекавме и четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионите, а ова секако се важни податоци.
После тринеделната пауза продолжуваат натпреварите од Лигата на шампионите. Одредени играчи мораат да бидат внимателни доколку сакаат да имаат право за настап и во реваншот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Баерн Минхен доминира на оваа листа со дури петмина фудбалери на кои им се заканува суспензија доколку заработат жолти картони.
Следуваат Јувентус, Манчестер Сити и Севиља со тројца, Ливерпул и Рома со двајца и на крајот Барса и Реал со по еден играч кој е под закана за суспензија.
Во вторник од 20:45 часот се сретнуваат Јувентус – Реал Мадрид и Севиља – Баерн Минхен, додека во среда во истиот термин играат Барса – Рома и Ливерпул – Манчестер Сити.
Во продолжение ви ги претставуваме фудбалерите кои ќе го пропушат реваншот доколку заработат жолт картон.
Баерн Минхен – Боатенг, Кимих, Руди, Толисо, Левандовски
Севиља – Меркадо, Ескудеро, Бен Једер
Јувентус – Киелини, Бентакур, Алекс Сандро
Реал Мадрид – Серхио Рамос
Барса – Серхио Роберто
Рома – Манолас, Пероти
Манчестер Сити – Данило, Фернандињо, Гундоган
Ливерпул – Морено, Хендерсон