Академија Пандев Брера Струмица влегува со големи амбиции во новиот проект за кој зборуваше и претседателот Горан Пандев (ТУКА) кој е повеќе одговорен за младинските категории.
За првиот тим ќе се грижи Ацо Стојков кој сега накратко во интервју за клупската страна ги кажа амбициите и очекувањата за новата сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тимот сега е тука, а потоа ќе селдат припреми во Банско каде што ќе се играат и пријателски натпревари. За тренерот Џовани Валенти ова ќе биде прва работа во сениорска екипа, а Стојков очекува струмичкиот тим да игра атрактивен фудбал.
„Во Банско ќе имаме 12 дена подготовки каде што ќе играме пријателски натпревари. Стручниот штаб е од Италија – прв тренер, помошник тренер и тренер на голмани. Се надевам дека ќе донесат нешто ново во Струмица и Македонија. Тренерот кој го доведовме е многу искусен во млади категории, а ова е негова прва епизода во прва сениорска екипа. Помошникот тренер работеше со Шахтјор со Де Зерби, па сигурно ќе имаа добра соработка“.
„Се надевам дека како што зборувавме ќе играме атрактивен фудбал, но и фудбал кој ќе носи резултати“, изјави Стојков.
ЦЕЛИОТ РАЗГОВОР НА СТОЈКОВ: