Македонската фудбалска репрезентација денеска го одржа првиот тренинг пред бараж дуелот со Косово.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Македонските репрезентативни се смесни за тежината и важноста на мечот, па најавија дека ќе дадат се од себе за победа.
„Од сите нас може да очекувате дека ќе го дадеме максимумот, знеме што значи овој натпревар како за нас така и за нашата држава. Мислам дека ќе биде тежок натпревар, но верувам во победа против Косово“, истакна Стојановски.
„Имаме три дена за да ги анализираме, ќе ги видиме нивните и добри и лоши страни, по тоа и ќе се ориентираме. Ќе се обидеме да ги искористиме нивните слаби страни и да стигнеме до победа“, додаде македонскиот репрезентативец.