Денес прес-конференција пред натпреварот со Кјелце во сабота одржаа тренерот Едуард Кокшаров и Стојанче Стоилов
„Не чека тежок натпревар со Кјелце. Сите сакаме да победиме против Кјелце, тој е наш голем ривал. Сепак, ситуацијата не е добра, имаме повреди, не знаеме на што сме…Сепак наше е да излеземе и да дадеме се од себе како и во секој натпревар“, изјави Стоилов.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кокшаров доби за повредените играчи, Криштопанс се повреди последен во натпреварот од СЕХА лигата против Војводина.
„Не можеме да кажеме кој ќе игра, засега не знаеме. Тоа важи и за Криштопанс и за сите останати“, изјави тренерот Кокшаров.
Со Кјелце во Скопје ќе гостува Игор Карачиќ кој долго време ги бранеше боите на Вардар.
„И Кјелце како што гледам има проблеми и очекувам интересен натпревар со многу борба, на крајот некој ќе плаче…. Против Карачиќ сум играл во репрезентација, се познавме и од тренинзите. Јас се надевам дека ќе си оди разочаран. “, со насмевка и желба за победа порача Столе.