Дома Фудбал Германија Стигна првата понуда, Чаби Алонсо станува тренер

Стигна првата понуда, Чаби Алонсо станува тренер

Пензионираниот шпански фудбалер, Чаби Алонсо наскоро ќе заплови во тренерските води.

35-годишниот Алонсо на крајот на изминатата сезона, одлучи да се пензионира, меѓутоа одморот во пензија нема да трае долго, бидејќи цврсто одлучил да го облече што побрзо тренерското одело.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„По 17 години фудбалска кариера, одлучив да направам нов чекор. Ќе станам тренер“, ги извести Алонсо своите обожаватели на својот Инстаграм профил.

Во овој момент не е познато во кој клуб Алонсо ќе ја започне својата тренерска кариера, но за тоа веќе на големо се шпекулира во странските медиуми. Како што се наведува тој добил понуда од Баерн да стане помошник на Карло Анчелоти.

Алонсо покрај Баерн во својата бофата кариера настапуваше и за Реал Сосиједад, Ливерпул и Реал Мадрид. За репрезентацијата на Шпанија одигра 114 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…