Првата честитка за трансферот во Барселона, Миралем Пјаниќ ја доби од Иван Ракитиќ.
Хрватскиот репрезентативец му испрати порака на Пјаниќ и напиша: „Добредојде брате“ со неколку емотикони на Инстаграм.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доколку Ракитиќ остане во Барселона несомнено дека токму тој ќе биде најголем пријател на Пјаниќ и ќе му помогне да се адаптира на новата средина и новото опкружување.
Да потсетиме, Пјаниќ до 2024. година ќе биде член на Барселона, кој ќе се приклучи на тимот откако ќе заврши актуелната сезона. Во спротивна насока Јувентус го доби Артур Мело, а Старата дама за овој договор доплати 10 милиони евра.