Фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг се пофали себе си но веројатно и заслужи.
Манчестер Сити игра одлично, титулата во Премиер лигата практично веќе е озбедена, а во Лигата на шампионите се на чекор од плсаман во ¼ финалето откако на гостински терен го совлада Базел со 0:4.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во одличните настапи на фудбалерите на Пеп Гвардиола се вклопи и Рахим Стерлинг кој можеби ја игра најдобрата сезона во кариерата. Овој 23 годишен фудбалер за врска оваа сезона постигна 15 погодоци и одлично соработува со Де Брујн, Хесус, Агуеро, Сане и Давид Силва.
Импресивен беше и на споменатиот натпревар во Швајцарија, а по натпреварот одлучи да се пофали себе си. Тој на својот Твитер профил објави фотографија од дуелот со фудбалерот на Базел, Таулант Џака кој буквално му се качи на грб. Под сликата стоеше коментар „Погледнете ја таа сила“.
И навистина, има право да се пофали.
Look at the strength!!!! Loooook at the strength!!!!!??? pic.twitter.com/DJ71tRxQIJ
— Raheem Sterling (@sterling7) February 14, 2018