Дома Фудбал Останато Статистиката не лаже: Еве кој е подобар оваа сезона, Меси или Роналдо!?

Статистиката не лаже: Еве кој е подобар оваа сезона, Меси или Роналдо!?

Лионел Меси оваа сезона игра неверојатно во дресот на Барселона која е еден од главните фаворити за освојување на Лигата на Шампионите.

Каталонскиот клуб минатата сезона освои двојна круна во Шпанија, но оваа сезона прва желба им е Лигата на Шампионите. Кога Меси е расположен, тогаш јасно Барса е голем фаворит, а Аргентинецот оваа сезона е одличен. Вечната дилема која секогаш ќе трае околу тоа кој е подобар Меси или Роналдо, се уште е актуелна. Меѓутоа, оваа сезона Меси е далеку пред играчот на Јувентус во сите сегменти на статистиката. Аргентинецот е подобар на тоа поле и минатата сезона и тоа доста.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, во досегашниот дел од сезоната Меси постигна 29 гола во сите натпреварувања, а Роналдо 17. Во асистенции, Меси има предност од 14-7, а во клучните додавања дури 89:44. Што се однесува на дриблинзите и тоа е на страната на Меси и тоа повеќе од очекуваното. Меси во моментов има 96 успешни дриблинзи, а Роналдо само 33. Исто така, меси во досегашниот дел од сезоната 13 пати беше играч на натпреварот, а Роналдо седум. Со тоа треба да се додаде фактот дека Меси три недели беше надвор од терените поради повреда.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пресврт: Тухел останува во Баерн и става потпис на нов договор

Раоводството на Баерн Минхен пред два месеци донесе одлука да се раздели со Томас Тухел на…