Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ на својот тим му донесе вреден бод на гостувањето против Челзи, каде што во последните моменти од натпреварот погоди за 1:1.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Стариџ смета дека ова би требало да биде сезона во која Ливерпул конечно ќе освои некој трофеј, а за него е важно само да се освои првиот, бидејќи потоа останатите, како што вели, ќе се редат како домино.
„Сакаме конечно да го спречиме тоа и да почнеме да освојуваме трофеи. Само да го освоиме тој прв трофеј, а потоа ќе освоиме колку сакате. Кога ќе го подигнеме првиот трофеј, веруваме дека потоа тоа ќе оди како домино. Нема потреба да се грижиме за нешто што не освоивме, имаме одличен тренер и подготвени сме за големи работи“, изјави Стариџ.
Даниел Стариџ минатата сезона ја помина во ВБА, каде што беше на позајмица, а оваа сезона повремено во просек постигнува гол на секои 47 минути. Во Премиер лигата одигра 24 минути и постигна два гола, додека во Лигата на Шампионите беше стрелец на еден гол за 72 минути поминати на теренот, а во Лига Купот исто така еден за 90 минути.