Со три победи во квалификациите македонскиот тенисер Горазд Србљак избори пласман на главниот турнир на фјучурсот што за награден фонд од 15.000 долари се игра во Анталија. Тој во денешеното „финале“ од квалификациите го совлада Аргентинецот Фернандо Каваљо со 2-0 во сетови (62 63) за еден час и 33 минути игра.
Нашиот тенисер имаше целосна контрола над мечот и успеа да реалзира 5 од 13-те брејк шанси, за разлика од ривалот кој имаше 1/3. Веднаш на стартот од мечот Србљак направи брејк за 1:0, а потоа во петтиот гем од првиот сет уште еден брејк за водство од 4:1, за сетот да го заврши со 6:2 во гемови. Во вториот сет по 2:2, нашиот тенисер направи брејк за водство од 3:2, но во следниот гем Каваљо изедначи со единствениот брејк во мечот. Во продолжението Србљак направи серија од три гема и го заврши сетот со 6:3.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во првото коло од главниот турнир противник на Србљак ќе му биде холандскиот тенисер Стијн Слумп (25 години, 813 место АТП), кој во денешниот меч од квалификациите беше убедлив против Јоан Александру Чирица од Романија со 2-0 во сетови (62 60). Мечот од првото коло на програмата е утре.