Дома Македонски спорт Срамот од Велес стигна и до медиумите во регионот

Срамот од Велес стигна и до медиумите во регионот

Овие денови во спортската јавност во Македонија се зборува за скандалот со фудбалерките на ЖФК Љуботен кои беа физички нападнати во Велес на натпреварот против Борец.

Клубот пред неколку дена се огласи преку прес-конференција и го опиша целиот настан. На прес-конференцијата зборуваше потпретседателот Драгољуб Јовановски.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


“Наместо противникот да ја слави победата, од нивни познати причини решија да се пуштат во физичка пресметка со нашите девојчиња. Она што се случуваше по натпреварот е навистинаа вознемирувачки за раководството и фудбалерките. Прва беше нападната Сенада Муратовиќ при самото качување по скалите кон соблекувалната, прво вербално, а потоа и физички од женско лице за кое мислам дека е член на Управен одбор на ЖФК Борец. Се создаде мешаница, па нападнати беа и Теодора Бартон и Мирјана Ѓероска на самите скали пред соблекувална, од страна на Рикардо Илиев, сопругата и неслужбени лица од не знам кои причини присуствуваа во соблекувалната. Бевме нападнати од близок пријател на Рикардо Илиев и уште неколку лица, во тој момент удар доби Егзона Јашари со шише по глава, среќа што нема посериозна повреда. Како може, близу 15, може и повеќе неслужбени лица да бидат во самите простории каде што се соблекувалните после самиот натпревар. Среќа што таткото на голманката на Борец, како жив штит застана пред нас за да не биде уште полошо“. зборуваше Јовановски.

Денес овој срам стигна и до медиумите во регионот. За скандалот пренесуваше босанскиот “Спортспорт.ба“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Одлична вест: Македонија утре и дефинитивно со Димитријевиќ!

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда ка…