Дома Фудбал Останато Срамни графити во Србија против Матиќ и Видиќ 📸

Срамни графити во Србија против Матиќ и Видиќ 📸

Во фудбалската јавност во Србија во овој период актуелна трката за претседател на Фудбалскиот сојуз, а Немања Матиќ јавно го поддржа Видиќ.

Покрај Видиќ засега е потврдена и кандидатурата на Драган Џајиќ. Сепак, Матиќ во своето обраќање го поддржа Видиќ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Само еден ден откако играчот од средниот ред го поддржа Видиќ на стадионот во Уб се појавија срамни графити за двете големи фудбалски имиња. На двата графити стои:

„Видиќ, марш од Уб“ и „Матиќ, засрами се, Џаја е легенда“.

Претходно Матиќ во своето обраќање порача:

„Не знам колку е познато дека стадионот во Уб по мој предлог го доби името по нашиот Драган Џајиќ и дека НИКОЈ не може да го смени фактот дека тој беше и остана гордост на Уб. Верувам дека Џаја некако бил принуден или можеби уценет да ја прифати кандидатурата за претседател на ФСС. Господа од Звезда, кога ние Тамнавци потајно се надевавме дека ќе се сеќавате на Џаја и ќе го предложите за претседател на сојузот, вие го поддржавте Кокеза. Сега, кога Драган има блиску осумдесет години, го изложувате на непотребен стрес.

Сите ние во Уб стравуваме за здравјето на Џаја и се надеваме дека ќе го надмине ова понижување од клубот на кој му даде се. Драган, никогаш не заборавајте дека вашите сонародници се секогаш со вас и дека Јединство ве очекува на вашиот стадион во сабота. Што се однесува до Немања Видиќ, јас вчера го поддржав, денеска и утре ќе го поддржувам затоа што мислам на развојот на српскиот фудбал во следните 20 години. Засега тоа е од мене“,

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…