Дома Фудбал Останато Спремете се за револуција: Во Франција навивачи водат клуб – преку апликација!

Спремете се за револуција: Во Франција навивачи водат клуб – преку апликација!

avangard

Во Франција постои клуб кој е воден од навивачите, но во буквална смисла!

Авангард Каен е клуб кој се натпреварува во шестата лига во Франција, а на малиот стадион под Нормандија околу 600-тина навивачи без притисок навиваат за својот тим.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Над теренот има нешто како ВАР соба и во таа соба има луѓе кои онлјан комуницираат со тренерот.

Тие луѓе ја користат апликацијата „United managers“, односно соединети менаџери и на тој начин „обичните“ луѓе го водат тимот. Во суштина изгледа како да играте „Фудбал Менаџер“, само што се соживуваате со таа улога – можете да правите измени, менувате формација, ставате играч понапред или поназад и што уште не.

Оваа апликација е направена токму за тимот на Авангард и до неа можат да пристапат најмногу 1200 корисници. Одлуките се носат во живо и преку анкети кои се поставени во наведената апликацијата. Тренерот на клупата е само посредник и негово е да го извршува она што навивачите го бараат преку апликацијата.

„Тоа е како остварување на сонот. Имаме моќ да направиме што сакаме за својот тим“, изјави еден од навивачите кој е корисник на апликацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…