Дома Македонски спорт Спортинг задоволен: Ристовски добива нов договор и покачување!

Спортинг задоволен: Ристовски добива нов договор и покачување!

Mакедонскиот капитен Стефан Ристовски според најавите на португалските медиуми ќе потпише нов договор со Спортинг Лисабон.

Преговорите помеѓу Ристовски и Спортинг ќе започнат после новогодишните и божиќни празници и наводно се треба да биде потврдено и објавено до април. Португалците тврдат дека о Лисабон се задоволни од она што Ристовски го прикажал во перидот од кога носи зелено-белиот дрес и сакаат да го задражат.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Aктуелниот договор на Ристовски има важност до 2022 година, а сега би требало да биде продолжен до 2024. Освен продолжување на соработката Ристовски би требало да добие и покачување на платата, во овој момент тој заработува околу 400.000 евра по сезона.

Ристовски во Спортинг настапува од 2017 година кога пристигна од редовите на хрватска Ријека.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Навреди кон Фоден, Пеп вели – недостаток на класа, тоа не е Јунајтед

Дербито на Манчестер не го одбележаа ниту добри шанси ниту убав фудбал. Голови немаше, но …