Дома Останати Авто Мото Според ФИА Хамилтон не направи никаква грешка во Азербејџан – на Фетел му виси суспензија

Според ФИА Хамилтон не направи никаква грешка во Азербејџан – на Фетел му виси суспензија

Дирекцијата на трката за Големата награда на Азербејџан, не нашле доказ дека Луис Хамилтон ги тестирал сопирачките или ненадејно притиснал на педалата за гас, за време на инцидентот со Себастијан Фетел.

Возачот на Ферари е убеден дека Британецот ги тестирал сопирачките на излезот од 15-от свиок. Меѓутоа телеметријата, која никогаш не греши, покажала дека Хамилтон не направил никаква грешка.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ФИА уште во текот на трката спровела истрага која покажала дека Хамилтон на ист начин се однесувал на тој дел од патеката и за време на првото излегување на безбедносното возило.

„Знаеме дека лидерот на диктира брзината, но ние излегувавме од тој свиок. Тој забрзуваше, а потоа ненадејно запре, поради што јас не успеав да сопрам веднаш“, рекол Фетел.

Германецот, откако удри во Хамилтон, потоа го мина и уште еднаш го закачи неговиот болид, поради шти од дирекцијата на трката доби казна од 10 секунди.

Фетел доби и три казнени поени, поради што во изминатите 12 месеци има веќе девет казнени поени и му се заканува суспензија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…