Италија ја совлада Франција со 1:3 во Париз во првото коло од групата 2 од највисокото ниво на Лигата на нации. Стрелец за домашниот тим беше Бредли Баркола, а за гостите Федерико Димарко, Давиде Фратези и Распадори.
Италијанскиот тренер Лучијано Спалети со свој коментар за натпреварот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
“Голот на Димарко беше клучен бидејќи брзо одговоривме на голот на Франција. За нас е важно да бидеме тим, секогаш можеме да подобриме нешто во играта.
Натпреварот беше многу интензивен, секоја мала ситуација можеше да создаде лудило. Тука одлучува менталната сила.
Тонали беше фантастичен. Се плашевме дека нема да има 90 минути во своите нозе, но во последните пет минути спринташе и доби шанса да постигне гол. Повторно откривме каков голем играч е тој“, изјави Спалети за Раи спорт.