Дома Фудбал Италија Спалети го прашал Икарди дали може да игра, а Аргентинецот го шокирал со одговорот

Спалети го прашал Икарди дали може да игра, а Аргентинецот го шокирал со одговорот

Фудбалерите на Интер синоќа одиграа натпревар без голови на гости против Ајнтрахт Франкфурт во рамките на осмина финалето од Лига Европа.

Интер оствари добар резултат во првиот натпревар и во реваншот на Меаца ќе биде се отворено. Италијанскиот клуб и синоќа беше без Мауро Икарди кој веќе неколку недели не игра за Интер откако клубот одлучи да му ја одзеде капитенската лента.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Икарди после тоа тврдеше дека има повреда на коленото, но лекарските прегледи докажаа дека не ја зборува вистината. Сепак, аргентинскиот напаѓач не се откажува од својот став, а тоа предизвика лутина кај тренерот на тимот Спалети.

„Вистина е дека го прашавме Мауро дали се чуствува дека може да тренира. Докторите му дадоа дозвола и ми кажаа дека може да тренира, но тој одби. Ми рече ‘Не, се уште чуствувам болка и ќе ти кажам кога ќе бидам спремен за игра.’ Му реков добро и заминав. Директорот на клубот ќе ви каже повеќе околу тоа.“ – изјави Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тотенхем ја „краде“ големата желба на Челзи

Откако пропушти неколку трансферни цели, Тотенхем продолжува да се залага за засилување во…