Дома Фудбал Италија Спалети го изгуби „кредитот“: Марота донел одлука – тој и уште седум фудбалери се „отпишани“!

Спалети го изгуби „кредитот“: Марота донел одлука – тој и уште седум фудбалери се „отпишани“!

Tимот на Интер вчера со поразот од Лацио доживеа елиминација во четвртфиналето од италијанскиот куп.

Интер беше елиминиран после изведувањето на пенали, а до нив стигна со голот од пенал на Мауро Икарди после глупоста на Сергеј Милинковиќ Савиќ во 120-тата минута.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Долго време се шпекулира дека Спалети ќе добие отказ на клупата Гласините се зголемија кога вчера Антонио Конте беше фотографиран пред седиштето на Интер.

Ако претходно во италијанските медиуми се користеше зборот „веројатно“ , од утрово тој е заменет со „сигурно“ – Марота сака да го промени Спалети!

Се пишува дека Марота донел одлука и ќе се обиде во најбрз можен рок да направи промена на тренерската клупа.

Освен Спалети Италијанците тврдат дека Раџа Наинголан, Иван Перишиќ (и самиот изрази желба), Миранда, Вршаљко, Кеита Балде, Галјардини и Кандрева се отпишани за новиот спортски директор на Интер.

Овие играчи би можеле да бидат први за заминување во лето, меѓутоа не смее да се заборави и дека огромно значење ќе има и тоа кој ќе биде новиот стратег на „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Господски потег на Интер со Инзаги пред реваншот против Баерн

Симоне Инзаги ќе остане тренер на Интер. Раководството на шампионот на Италија и Инзаги по…