Италијанскиот селектор Лучијано Спалети демантираше дека им забранил на фудбалерите да играат плеј-стејшн за време на натпреварите.
Спалети беше зачуден што мора на Европско првенство да зборува за таква тема.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Не ми се верува дека треба да коментирам за ова, јас се грижам само за тоа тие да спијат навечер. Никогаш не сум рекол дека не може да играат плејстејшн, реков дека не можат да бидат будни до 3-4 после полноќ. Тоа се две различни работи“,
„Сакам кога ќе се разбудат да бидат одморни за тренинг. Немам ништо против било какви игри, ние направивме соба за игри каде има два плеј-стејшна. Дури и јас одам таму да играм“, изјави Спалети.