Искусниот бразилски стратег Луис Фелипе Сколари е именуван за нов тренер на бразилскиот второлигаш Крузеиро.
Поранешниот селектор на бразилската и португалската репрезентација со Крузеиро потпиша договор на две години.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Неговата задача ќе биде пред се да го задржи Крузеиро во втората лига, а потоа да го врати во друштвото на најдобрите бразилски клубови. Сколари веќе го водеше овој клуб во сезоната 2000/2001.
Пред овој ангажман последниот на Сколари му беше во 2019 година во тимот на Палмеирас.
Ќе потсетиме Сколари со Бразил во 2002 го освои Светското првенство, а Португалија ја предводеше до сребрен медал на Европското првенство во 2004 година.