Дома Фудбал Останато Сопругата на Икарди го нападна Марадона: Направете му анти-допинг тест!

Сопругата на Икарди го нападна Марадона: Направете му анти-допинг тест!

Ванда Икарди застана во одбрана на својот сопруг.

Познато е дека Диего Армандо Марадона смета дека за Мауро Икарди не треба да биде во составот на репрезентацијата на Аргентина.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според него репрезентативец не може да биде човек кој му ја украл жената на својот колега и пријател.

Марадона не штедеше тешки зборови кон ѕвездата на Интер.

„Само сопругата на Икарди сака да влезе во фудбалот. Замислете, таа зборува на негово место. Всушност тоа за него не е ниту чудно кога глуми татко на децата на Макси Лопез“, изјави Марадона пред неколку месеци.

Во меѓувреме Икарди доби повик од селекторот играше во квалификациите за Мундијалот, но баш и не се прослави.

Аргентинската легенда никако не може да се помири со тоа што Икарди настапува за Аргентина и повторно истакна дека Игуаин повеќе заслужува да биде во тимот.

Поради тоа Ванда Нара повеќе не можеше да молчи и застана во одбрана на својот сопруг.

„Јас предлагам на тој човек да му биде направен анти-допинг тест. Таквите како него можат да бидат опасни за околината, деструктивни се, се обидуваат се да срушат и уништат“, напиша Ванда на својот Твитер профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…