Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер денеска зборуваше на пресконференција за утрешниот натпревар во Премиер лигата против Фулам.
Норвешкиот стратег во таа прилика изјави дека тој и неговите играчи не требаат да бидат задоволни од серијата на добри резултати кои ги направија, туку треба да гледаат само напред. Исто така, ја искористи и приликата за да го пофали италијанскиот стратег на клупата на Фулам, Клаудио Раниери.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Идеме чекор по чекор. Последните два месеци беа одлични, сега е важно да продолжиме да победуваме. Не треба да бидеме задоволни со она што го направивме. Мораме да бидеме фокусирани на натпреварот против Фулам, мораме да знаеме што во овој момент е важно“.
„Не знам во каква ситуација е Фулам, но она што го покажавме против Лестер потврдува дека се способни. Раниери е некој на кој е восхитував. Неколку негови акции и ги копирав“ изјави Норвежанецот.
Инаку, натпреварот Фулам-Манчестер Јунајтед на распоредот е утре од 13:30 часот.