Оле Гунар Солскјер ја доби довербата на управата на Манчестер Jунајтед и ќе добие 290 милиони евра за да го засили тимот во наредните два преодни рока.
Целта е во следните два преодни рока на „Олд Трафорд“ да пристигнат најмалку тројца фудбалери кои ќе го подигнат нивото на квалитет на целиот тим
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Солскјер има потреба од нов напаѓач и двајца фудбалери за врска. Ерлинг Халанд останува прв избор, а цената му е 90 милиони евра и тоа наводно „ѓаволите“ се подготвени да го платат.
Јунајтед бара млади фудбалери, па освен Халанд, би можел да биде купен и Муса Дембеле од Лион.
Се очекува промена и во средниот ред, идеални засилувања би биле Џејдон Санчо и Саул Нигез, кои заедно може да чинат околу 200 милиони евра.
Доколку не ги ангажираат нив, тогаш како алтернативни решенија се споменуваат Рубен Невеш, Бруно Фернандез и Паредес.
Засега нема најава дека Јунајтед ќе троши пари за одбрана, откако во летото беа донесени Мегваер и Ван Бисака.