Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер се пошегува со градскиот ривал Манчестер Сити пред утрешното дерби.
Солскјер изјави дека како играч на Јунајтед ретко играл натпревари против Сити, бидејќи во тоа време двата клуба не беа во иста категорија, односно „граѓените“ играа во подолните лиги.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Барем сега играме против нив секоја година. Во мое време ретко се играше дербито на Манчестер. Се сеќавам кога дојдов во овој клуб помина долго време до првото дерби со нив. Но, фудбалот многу се промени, Манчестер Сити сега има одличен тим“, изјави Солскјер.
„Дербито на Манчестер секогаш е спрецијален меч. Спремни сме, а и имаше голема самодоверба после мечот со Тотенхем. Имавме 24 часа помалку за одмор, но тоа не би требало да има големо значење“.
Норвежанецот откри дека Марсијал може да биде спремен за утрешното дерби.
„Се надеваме дека Марсијал ќе биде повикан за утрешниот меч, но не сум сигурен. Ако не е спремен да започне, барем да биде на клупата“, објасни Солскјер.
Ole: “At least we play every year now, took many years before I played a Manchester derby.”
— ً (@utdrobbo) December 6, 2019
• Solskjær joined #mufc in 1996
• City earned promotion in 2000
Facts only. ??♂️ pic.twitter.com/wrS91bgq3G