Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари смета дека неговиот клуб е најдобар во историајта и дека Пеп Гвардиола направил намерна грешка кога не го ставил клубот во најуспешните во последната деценија.
Гвардиола неодамна истакна дека Барселона, Баерн Минхен и Јувентус ја обележаа претходната деценија, со оглед на тоа што секоја година се бореа за трофеи во домашното и европското натпреварување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ми се чини дека тоа намерно го направи. Нема сега да разговараме дали Реал беше најдобар во изминатава деценија, бидејќи станува збор за најдобар клуб на векот, историјата“, изјави тренерот на европскиот шампион.
Реал во четврток го очекува реванш во натпреварот од четвртфиналето во Купот на Кралевите против Жирона. „Кралевскиот клуб“ триумфираше во првиот натпревар со 4:2.