Познато е дека некои трансфери биле пред реализација и пропаднале во последен момент, а сега на таа тема зборуваше Пол Сколс.
Сколс откри дека неколку такви трансфери имало во Манчестер Јунајтед, а таков бил случајот со Роналдињо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Случајот со Роналдињо се издвојува од сите. Навистина мислевме дека е наш играч. Беше толку блиску што во клубот му спремаа промоција, веќе одредија и кој број ќе го носи. Ние бевме на турнеа, но знаевме што се случува и бевме возбудени. Знаевме каков играч е Роналдињо. Очекувавме да ни донесе нешто посебно со Кантона“, се потсети Сколс за „Дејли Мејл“.
Потоа работите не тргнале во погрешна насока.
„Роналдињо во последен момент го промени мислењето и ја избра Барселона. Интересно е што на турнеата три дена подоцна игравме против Барселона. На тој натпревар сите го удиравме. Сакавме да му се одмаздиме затоа што не дојде кај нас. Бевме разочарани“, раскажа Сколс.
Откри Сколс и уште некои други играчи кои биле блиску до Јунајтед, но на крајот не дошле во клубот.
„Хари Кјуел беше еден од нив, сите знаеме каков играч беше. На крајот не одби и отиде во Ливерпул, но тоа не не погоди многу. Демјан Даф беше меѓу кандидатите и Арјен Робен беше блиску до преминување во Јунајтед“, откри легендарниот Сколс.