На најновото рангирање на АТП листата македонските тенисери бележат мал пад. Калин Ивановски е на 308.то место со 176 поени или пад за две позиции. Горазд Србљак остана со 8 поени, но сега се наоѓа на 1135.то место, додека Обрад Марковски со 6 поени е рангиран на 1232.то место.
Во конкуренција на двојки Ивановски има два поена помалку од претходната недела – 81 и се наоѓа на 617.то место (пад 9 места). Марковски е рангиран 1027.то место – 32 поена, Берк Бугариќ е 1332.ри на АТП листата 16 поени. Србљак се наоѓа на 1922.то место – 4 поени, додека Елдин Хусеиновиќ е 2022.ри со 3 поени.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска напредуваше на најновата ВТА листа откако во рангирањето е запишан и поенот освоен на фјучрсот во Финска. Таа сега има вкупно 5 поени и се наоѓа на 1345.то место. Стоилковска оваа недела ќе настапува на фјучрс во Србија (Врњачка Бања) и е дел од квалификациите.
Лина Ѓорческа која вчера играше во финалето на турнирот во Осиек, со 290 поени е на 247.то место (скок за една позиција), но поените од финалето од турнирот во Хрватска ќе бидат „вметнати“ на следното рангирање.
Во конкуренција на двојки Ѓорческа е на 284.то место со 285 поени (пад за две места), додека ранг има и Александра Симева која се наоѓа на 1436.то место со 8 поени (пад за осум места).