Нигерискиот напаѓач Виктор Осимене беше херојот на дерби натпреварот од италијанската Серија А одигран синоќа на „Олимпикo“ во кој неговиот тим Наполи победи со 1:0.
Осимен го постигна победничкиот гол, a со тоа ги воодушевил и скаутите на Челзи кои поради него го следеле овој натпревар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Брилијантниот 23-годишен центарфор е еден од клучните играчи во тимот на Лучијано Спалети, кој оваа сезона игра феноменално и без пораз е на лидерската позиција во Серија А.
Иако се мачеше со повреда на бутот, постигна четири гола во досегашниот дел од првенството, а Наполитанците со неговите голови славеа на претходните два натпревари против Болоња и Рома.
Јасно е дека по она што го видоа, скаутите на Челзи ќе му дадат зелено светло на менаџерот Грем Потер за трансфер на Нигериецот, но Наполи сигурно ќе биде тежок преговарач, а сериозна пречка е цената од 100.000.000 што ја постави претседателот Аурелио Де Лаурентис. за „сините“.
Да потсетиме, Баерн и Манчестер Јунајтед летово се распрашуваа за Осмине, но напаѓачот реши да остане во Неапол и да се обиде на клубот да му ја донесе титулата, прва по генерацијата на Марадона во 1990 година.