Светските букмејкери наводно обвинуваат за два наместени натпревари од реваншите од воведното коло во УЕФА Конференциската лига, јавува, Полската Национална телевизија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Еден од овие два спорни натпревара е мечот на македонскиот претставник Македонија Ѓорче Петров против РФС во Рига. Вториот дуел кој се споменува е Арсенал Тиват и Алашкерт од Ерменија
Според информациите 250.000 евра биле уплатени на мечот, а меѓу другото дека ќе паднат и два гола во првото полувреме, а до 35-та минута мечот беше во егал со почетниот резултат 0-0. Алашкерт даде два гола и тоа во 40-та и во првата минута од судиското надополнување, а на крајот Ерменците победија со 6-1.
Обложувалниците исто така реагирале на високите уплати кои стигнале за мечот РФС – Македонија ЃП. Се споменуваат енормно високи уплати на победа на РФС со два гола разлика, како и многу високи уплати на 3+ голови во второ полувреме и на 5+ голови во текот на сите 90 минути. Мечот во Рига заврши со резултат 4:1 (1:0).
