Бразил вчера победи против Перу во финалето на Копа Америка со 3:1 и така ја освои својата деветта титула на континенталното првенство на Јужна Америка.
На овој турнир големо внимание привлекоа изјавите на Меси кој отворено обвинуваше за корупција и форсирање на Бразил кој беше домаќин на овој шампионат. Поради овие изјави Меси може да заработи суспензија од Конмебол од две години (тука).
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Меѓутоа сега се појавуваат скандалозни информации поврзани со главниот судија на вчерашното финале.
Правдата вчера ја деле Роберто Тобар, а може да се каже дека Конмебол со него направи пропуст затоа што овој човек бил обвинет за корупција.
Освен тоа Тобар во периодот помеѓу 2012 и 2013 година заработи суспензија од осум месеци поради поврзаност со скандал околу покер.
Неверојатно е тоа што еден ваков судија кој се поврзувал со разни скандали добил прилика да суди толку важен натпревар.