Дома Фудбал Репрезентации Скандал го тресе португалскиот фудбал: Осуден селекторот Сантош

Скандал го тресе португалскиот фудбал: Осуден селекторот Сантош

Португалскиот Арбитражен суд го прогласи за виновен селекторот на оваа земја, Фернандо Сантош поради затајување на данок.

Локалните медиуми пренесуваат дека Сантош примал плата од Фудбалскиот сојуз на Португалија преку компанија која самиот ја основал заедно со неговата сопруга. На тој начин тој успеал да го намали данокот, но не на легален начин.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Судот во Португалија одлучи дека Сантош со сопругата Гиљермина треба да вратат 4.5 милиони долари во државниот буџет поради избегнатите даночни обврски.

Сантош пред судот изјави дека бил сопственик на компанијата „Фемакос“ и пред да стане селектор на Португалија. Сепак, иако потенцира дека се чувствува како невин додаде дека после одлуката на судот ќе ги врати парите во државниот буџет.

Од 2010 до 2014 година Сантош ја водеше селекцијата на Грција, потоа ја презема Португалија и со оваа селекција беше шампион на Европа во 2016 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…