Дома Фудбал Скалони: Да знаете како Меси го играше финалето уште повеќе ќе го сакате

Скалони: Да знаете како Меси го играше финалето уште повеќе ќе го сакате

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони потврди дека Лионел Меси играше повреден во финалето на Копа Америка против Бразил.

Меси во полуфиналето против Колумбија доби силен удар, но со повреда го заврши и тој натпревар, кој Гаучосите го добија на пенали, но и синоќешниот на Маракана, каде Аргентина со голот на Ди Марија стигна до трофејот.

„Да го знаете начинот на кој Меси играше на Копа Америка ќе го сакате уште повеќе. Никогаш не можете без играч како него, дури и кога има повреда, како во овој, така и на претходните натпревари.“ – рече Скалони.

Меси конечно дојде до трофеј во дресот на Аргентина. Имаше прилики и претходно, губеше финалиња, но не се откажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се појави вест за Де Јонг во која ретко кој ќе верува

Френки де Јонг го отфрли советот од медицинскиот тим на Барселона за операција на коленото…