Ждребот за осминафиналето во Лигата на шампионите ќе биде повторен.
Најголемиот скандал кој настана е кога Виљареал беше извлечен за противник на Манчестер Јунајтед, а тие две екипи не можеа да играат затоа што беа во иста група. Тука започна се. Потоа се направи уште поголемата грешка кога топчето со името на Манчестер Јунајтед не се најде во шеширот кога се извлекуваше противникот на Атлетико. Меѓутоа освен овие две грешки забележани се и други.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, топчето на Реал Мадрид се најде во шеширот кога се влечеше противникот на Виљареал, а исто така Ливерпул беше во опциите за Атлетико, а двете екипи играа во групите.
Тешко е да се објасни како една голема организација како УЕФА си дозволи волку грешки во еден ждреб. Ќе потсетиме новиот ждреб треба да биде одржан денес од 15:00 часот.