Дома Трансфер зона Симеоне формира нов бедем: Атлетико оваа недела претставува три засилувања

Симеоне формира нов бедем: Атлетико оваа недела претставува три засилувања

Aтлетико Мадрид во текот на оваа недела ќе промовира три засилувања.

Во прашање се – Цезар Азпиликуета, Чанглар Сојунџу и Хави Галан, а интересно е што првите двајца ќе пристигнат како слободни агенти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Азпиликуета ќе добие спогодбен раскин на договорот со Челзи и тој трансфер веќе од пред неколку дена е договорен. Исто така по истекот на договорот од Лестер пристигнува Сојунџу кој ќе конкурира за стоперската позиција каде што се уште Хименез, Ермосо и Стефан Савиќ.

Од Селта ќе пристигне и Хави Галан за кого ќе платат оштета, но таа нема да биде поголема од пет милиони евра.

Како што изгледа Симеоне може да формира нов бедем пред голот на Облак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Премиерлигашите ја сакаат ѕвездата на Билбао

Неколку клубови од Премиер лигата се силно заинтересирани за бисерот на Атлетик Билбао, Ни…