Дома Фудбал Останато Симеоне за Модриќ: Куртоа оди во Реал и веднаш е најдобар голман – тука се е јасно

Симеоне за Модриќ: Куртоа оди во Реал и веднаш е најдобар голман – тука се е јасно

simeone

Tренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне смета дека фудбалерите на „јорганџиите“ секогаш биле во подредена положба во однос на Реал во сите избори за најдобри.

Аргентинецот се залагаше Антоан Гризман да ја добие „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот во 2018 година, но ова признание на крајот заврши во рацете на Лука Модриќ.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„На играчите кои играат во Атлетико отежнат им е патот до наградата бидејќи секогаш во историјата моравме да работиме двојно повеќе за да бидеме поблиску до некои други клубови.

Доколку бев на местото на Гризман ќе бев среќен. Го освои Светското првенство, што не е лесно да се направи. Му честитам на Модриќ, имаше голема сезона, но за мене најдобри се Рафаел Варан и Гризман“, изјави Симеоне.

Тренерот на Атлетико се насмеа кога новинарите го запрашаа дали неговите играчи се доволно ценети, а не пропушти прилика да го „боцне“ лутиот ривал.

„Ха-Ха. Ме засмејувате бидејќи сакате да кажам нешто што веќе го знаете. Куртоа оди во Реал и веднаш станува најдобар голман во светот, а додека беше кај нас, наградата ја доби Кејлор Навас, мислам дека со овој пример се е појасно. Некои работи немаат смисла. Во светот на фудбалот мораш да знаеш каде си и што те чека, така полесно ќе поднесуваш некои работи“, порача Симеоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…