Дома Фудбал Останато Се чека само официјализација – ЕУРО 2024 ќе се игра во Германија

Се чека само официјализација – ЕУРО 2024 ќе се игра во Германија

УЕФА во текот на следната седмица треба да го соопшти домаќинот за Европското првенство 2024 година, а кандидати се Турција и Германија.

Европската куќа на фудбалот денес изрази загриженост поради непочитувањето на човековите права во Турција, па Германија ќе се обиде да ги искористи недостатоците во турската кандидатура во својата кампања за организацијата на првенството.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не постоењето на акциски план во врска со човековите права предизвикува загриженост“, наведуваат од УЕФА.

„Кандидатурата на Фудбалската федерација на Германија е квалитетна и ги исполнува сите очекувањa во однос на политичките прашања, социјалната сигурност, одржливост и човековите права“, наведуваат од УЕФА.

Дополнителен проблем за Турција се и законските ограничувања за рекламирање на алкохолни производи што ја доведува УЕФА во конфликт со спонзорите. Извршниот комитет на УЕФА во четврток ќе гласа за домаќинот на Европското првенство во 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп: Многу ми е жал. Се извинувам

Ливерпул претрпе голем удар за шампионските амбиции. Во градското дерби тој беше поразен о…