Aко им се верува на српските медиуми Црвена Звезда е пред доведување на поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Федерико Македа.
Македа и претходно беше желба на Звезда, но тогаш трансферот не се реализираше меѓутоа сега изгледа тие ги договориле личните услови со италијанскиот фудбалер. Останува уште да се види дали ќе постигнат договор со неговиот клуб Панатинаикос.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите Македа се откажал од бараната плата 1.2 милиони евра и прифатил фиксни 500.000 евра со дополнителни 200.000 евра преку разни бонуси. Кога во прашање е оштетата наводно Панатинаикос за него бара еден милион евра.
Италијанецот кариерата ја започна во Лацио за брзо потоа да се пресели во младинската школа на Јунајтед каде што остана до 2014 година и одигра 19 натпревари и постигна четири гола. Во кариерата Македа играше уште за Сампдорија, КПР, Штутгарт, Бирмингем, Кардиф и Новара.
Од периодот во Манчестер најмногу се памети неговиот дебитантски гол против Астон Вила со кој донесе победа на Јунајтед во важен натпревар во трката за титулата.