Слован Братислава одигра нерешено на домашен терен против Хесперенга од Луксембург, а освен по головите овој натпревар ќе остане запаметен и по еден несекојдневен инцидент.
Кон крајот на првото полувреме, Јурај Куцка го гризна својот противник Нега Екофо.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Инцидентот се случи по еден дуел по кој Куцка остана да лежи на земјата, а Екофо намерно или случајно падна врз Словакот.
Судијата по прегледувањето на снимката веднаш му покажа црвен картон на Куцка, па Слован натпреварот го заврши со играч помалку.