Дома Останати Авто Мото Се огласи Грожан: „Хало системот“ е една од најдобрите работи воведени во Ф1

Се огласи Грожан: „Хало системот“ е една од најдобрите работи воведени во Ф1

На вчеашната трка за Големата награда на Бахреин, возачот на Хас Роман Грожан имаше страшна несреќа.

Болидот на Грожан се преполови и се запали, а за среќа тој со помош на стујардите кои имаа брза реакција успеа да излезе од болидот и помина со изгореници на рацете. Грожан по несреќата се огласи од болница и порача дека „хало“ системот (заштитникот во кокпитот) му го спасил животот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Здраво на сите. Сакам да ви кажам дека сум добро, добро не баш целосно. Ви благодарам за пораките. Да не беше „хало“ системот, една од најдобрите кои беа воведени овие години, веројатно немаше да бидам тука пред вас. Благодарам и до медициснкиот тим во болницата, но и до луѓето на патеката. Се надевам дека наскоро ќе можам да ви одговорам на пораките“, изјави Грожан.

Несреќата на Грожан можете да ја видите – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Несреќа на рели трка во Хрватска: Возач удри директно во куќа покрај патеката 🎥

На рели трката од Светскиот шампионат во Хрватска на која победи Себастиен Оже се случи и …