Француските медиуми шпекулираа дека ПСЖ решил да се ослободи од Нејмар и наводно го понудил на Барселона, но сепак тоа не е вистина, барем така тврди агентот на Бразилецот, Вагнер Рибеиро.
Агентот на Нејмар кажа дека Бразилецот ќе остане во екипата од Париз и следната сезона без разлика на тоа што постојат различни шпекулации во медиумите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Нејмар не оди никаде, ќе остане во Париз и следната сезона“, кажа Рибеиро.
За Бразилецот интерес покажа Барселона, но и Њукасл, кој гради моќна екипа со која ќе ги нападне позициите кои водат во Европа.