Фудбалерите на Шефилд Јунајтед обезбедија директен влез во Премиер лигата откако Лидс во претходното коло не успеа да ја победи Астон Вила во дербито.
Во Чемпионшип е се познато кога во прашање се директните места кои водат во најелитното натпреварување во Англија. Во Премиер лигата наредната сезона ќе ги гледаме Норвич и Шефилд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шефилд го искористи секој можен кикс на Лидс каде што настапува нашиот Алиоски кој претходно беше во одлична позиција и се бореше дури и за првата позиција, на крајот поради кризата ќе мораат да играат во плејофот за последното место кое води во Премиер лигата.
Неверојатна приказна ни доаѓа од Шефилд Јунајтед, а во центарот на вниманието е фудбалерот на овој тим, Оливер Норвуд. Имено, тој веќе трета година во низа со својот тим изборува пласман во Премиер лигата, но се уште никогаш не заиграл во најсилната англиска конкуренција.
Поранешниот младинец на Манчестер Јунајтед пред две години играше за Брајтон и му помогна на овој тим да се пласира во Премиер лигата, потоа беше продаден.
Следен негов клуб беше Фулам со кој минатата сезона исто така се избори за пласман во Премиер лигата, меѓутоа како и Брајтон и Фулам одлучи да го продаде.
Овој 28 годишен играч од Северна Ирска минатото лето потпиша за Шефилд и не го криеше разочарувањето што го напушти Фулам. Сепак, среќата му се врати откако клубот избори пласман во Премиер лигата и судејќи според се сега конечно ќе заигра во најсилниот ранг.