Дома Фудбал Лига на шампиони „Се молиме за достојно простување на Барселона од Лигата на шампионите“

„Се молиме за достојно простување на Барселона од Лигата на шампионите“

Рафаел Хернандез, шпански новинар и водител на еден популарен клупски навивачки подкаст крајно песимистички гледа на случувањата во Барселона која посебно ја следи.

После поразот 0:3 од Јувентус во последното коло тимот на Роналд Куман го изгуби првото место во групата и сега во осминафиналето сигурно ќе има тежок противник.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Баерн, Ливерпул, Манчестер Сити, ПСЖ, Челзи и Борусија Дортмунд се можни противници на Барселона, па се молиме за достојно простување од Лигата на шампиони. Ако биде Баерн и игра во полна сила, тогаш лесно може да видиме уште два натпревари во кои Барселона ќе биде уништена“.

„Многу е тажно што клубот кој ќе ја добие Барселона за противник тој двомеч ќе го доживее како шега“, зборуваше Хернандез.

Кажа неколку збора и за Меси.

„Многу ме прашуваат дали постои можност да замине во зимскиот преоден рок. Вистинското прашање е – да сте вие Меси дали би останале до крај на сезоната после сите овие понижувања?“.

Барселона во недела од 21:00 часот ја чека натпревар на гости против Леванте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Чави објасни зошто одлучил да остане во Барселона

Oд Барселона потврдија дека Чави Ернандез ја сменил одлуката и ќе остане тренер на каталон…