Дома Фудбал Сетиен: Новиот формат во ЛШ е лош за сите

Сетиен: Новиот формат во ЛШ е лош за сите

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен смета дека новиот формат во Лигата на шампиони, „Фајнл-ејт“, е многу лош за сите учесници во завршницата.

Сетиен смета дека неговиот тим е способен да ги победи сите натпревари во Ла Лига и Лигата на шампиони до крајот на сезоната.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Играме против третопласираниот тим и нема да биде лесно. Ќе треба да одиграме одличен меч за да победиме. Победата ќе биде многу добра за нашата самодоверба, но нема да биде решавачка“, истакна Сетиен.

„Мислам дека новиот формат во Лигата на шампиони е многу лош,но не само за Барса, туку за сите. Сметам дека сите сакавме да играме по два натпревари, но така одлучи УЕФА и мораме да се адаптираме. Сега најпрво не чека мечот со Наполи и ќе треба да се претставиме подобро отколку на првиот меч“, заклучи тренерот на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд објави бизарно видео: Еве што правеше на полноќ откако сруши рекорд во ЛШ

Eрлинг Халанд (25) стана новиот рекордер на најсилното натпреварувачко фудбалско натпревар…