Поранешниот тренер на Барселона Кике Сетиен во интервју за „Марка“ се потсети на неговиот период во Барселона.
Сетиен ја презема Барселона во јануари 2020 година, а отказ доби после поразот од Баерн со 8:2 во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Сега тој истакна дека не можел да верува какво расположение владеело во тој период помеѓу фудбалерите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Никогаш не сум видел таква соблекувалната, ни кога бев дел од репрезентацијата, ниту во Атлетико Мадрид. Бев шокиран. Имаше многу работи кои не може да се контролираат. Доаѓате во соблекувалната која не е среќна. Она што го затекнав во Барселона го немав видено 40 години претходно колку што сум во фудбалот“, изјави Сетиен.
Барселона во таа сезона заврши втора во првенството и во трката со Реал заостануваше само пет бодови, а во ова интервју порача и дека повеќе не се гледа себе како тренер.
„Во овој момент не се гледам себе како тренер, ја изгубив желбата“.