Дома Фудбал Сетиен: Барселона уште ми должи пари

Сетиен: Барселона уште ми должи пари

Кике Сетиен како што е познато од пред неколку дена е нов тренер на Виљареал, а во 2020 година тој ја напушти Барселоан со спогодбен раскина на договорот, а сега откри дека исплатата се уште не е завршена.

Сетиен ја презеде Барселона на почетокот на 2020 година и ги водеше Каталонците на 25 натпревари во кои имаа 16 победи, четири нерешени и пет порази.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


64-годишникот не освои трофеј, а во клупската историја влезе како тренер кој доживеа историски пораз од 8:2 во четврт-финалето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен. Веднаш потоа доби отказ, а на негово место дојде Роналд Куман.

“Барселона дефинитивно чекори напред. Сепак, ништо не се случува веднаш, потребно е одредено време. Покрај тоа, има и економски аспект што влијае на нивната ситуација. Ова го кажувам затоа што се уште не ми ја исплатиле целата сума за заминувањето“, изјави Сетиен на кого Барса треба да му исплати уште четири милиони.

“Но, јас им давам онолку време колку што им е потребно и тоа е нормално. Ова е клуб кој многу го ценам. Тогаш луѓето со кои работев зад себе оставија подобри или полоши спомени“, додаде искусниот стратег.

Сетиен во четвртокот дебитираше на клупата на Виљареал со ремито против Хапоел Бер Шева (2:2), кој в недела ќе игра против Атлетико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фиорентина прв финалист во Лигата на конфереции🎥

Екипата на Фиорентина е првиот финалист во Конференциската лига, откако го елиминира белгс…