Дома Фудбал Останато Сер Алекс: Роналдо ги сруши сите можни рекроди, треба да ја освои „Златната топка“

Сер Алекс: Роналдо ги сруши сите можни рекроди, треба да ја освои „Златната топка“

Кон крајот на наредниот месец ќе се одржи церемонијата за доделување на Златната топка за најдобар играч за 2021 година.

„Франс Фудбал“ пред неколку дена ја објави листата од 30 кандидати кои ќе се борат за најдобар играч во светот, фаворитите веќе се познати. Како и обично тука се, Роналдо и Меси, а сезонава конкуренцијата е голема од Карим Бензема, Роберт Левандовски и Жоргињо.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Сер Алекс Фергусон не крие дека негов фаворит е Ронадло.

„Кристиано заслужува да ја освои оваа година Златната топка. Игра фантастично и ги руши сите можно рекорди. Веќе долго време е на неверојатно ниво и не се откажува. Се надевам дека ќе биде награден за тоа“, изјави Фергусон.

Церемонијата за доделувањето на Златната топка ќе се одржи на 29. ноември. Минатата година ќе потсетиме оваа награда не се додели поради пандемијата од коронавирусот, а последниот победник беше Лионел Меси во 2019 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Македонија може да добие покана за нов Мундијал кој ќе се игра на лето?!

Според повеќе извори, Русија разгледува идеја следното лето да организира свое паралелно С…