Дома Фудбал Италија Серија А го казни Пандев со 2.000 евра

Серија А го казни Пандев со 2.000 евра

Maкедонската фудбалска икона Горан Пандев е казнет од страна дисциплинската комисија на Италија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дисциплинската комисија во Италија одреди 12 казни за 25-тото коло во Серија А, а помеѓу оние кои ќе плаќаат казна се најде и Пандев.

Пандев во финишот од натпреварот помеѓу Џенова и Лацио имаше еден обид да изглуми пенал. Неговата глума не беше успешна, судијата не наседна и му покажа жолт картон за симулација.

Сега се покажа дека жолтиот картон нема да биде единствената казна за Пандев. Дисциплинската комисија му одреди парична казна на Пандев во износ од 2000 евра.

Во следното коло од италијанското првенство Пандев со својата Џенова игра на гостински терен против Киево.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Заврши норвешката бајка, Англија по 120 минути до полуфинале на Мундијалот! (Видео)

Англиската репрезентација успеа да се пласира во полуфиналето на Светското првенство, по д…