Репрезентацијата Венецуела направи една од најголемите сензации во историјата на футсалот откако во осминафиналето на Светското првенство во Узбекистан ја совлада Шпанија со 2:1.
Јужноамериканците поведоа во 13. минута преку Виљалобос, а Шпанија се врати преку Гомез на почетокот на вториот дел.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се очекуваше дека Шпанците рутински ќе се свртат и ќе стигнат до победата, но не успеаја да го пробијат цврстиот блок на Венецуела. А потоа, на минута и 20 секунди до крајот, аутсајдерите дојдоа до голема победа со голот на Карен. Во четвртфиналето ќе играат против Украина.
Колку Шпанија беше фаворит најдобро говори податокот дека коефициентот за обложување за Венецуела беше дури 15, а за Шпанците 1,05. Но, двократните светски шампиони не ја оправдаа титулата на фаворити и беа елиминирани.