Карлос Саинц и Шарл Леклер направија двојна победа за Ферари на трката за ГН на Австралија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сајнц доминираше откако во четвртиот круг Макс Ферстапен имаше проблем со левата кочница и предвреме ја заврши трката.
Леклер имаше проблеми со рамнотежата на болидот на стартот, но потоа успеа повторно да излезе втор и да ја задржи таа позиција, и покрај тоа што возеше со гуми кои беа 5 круга постари од тие на Ландо Норис од Мекларен.
Проблеми со болидот имаше и Луис Хамилтон чиј мотор откажа и го остави без пласман, додека катастрофалниот викенд за Мерцедес го надополни Џорџ Расел кој излета од патеката и исто така не ја заврши трката.