Дома Фудбал Репрезентации Селекторот на Белгија за Наинголан: Ќе беше со нас ако можевме да играме со 12 играчи

Селекторот на Белгија за Наинголан: Ќе беше со нас ако можевме да играме со 12 играчи

Роберто Мартинез ја објасни својата одлука.

Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез денес објасни зошто на Светското првенство немаше место за Раџа Наинголан кој важи за еден од најдобрите фудбалери на Белгија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Постојат тешки одлуки, но тоа е причина поради која што сум тука и тоа е она што се бара од мене. Наинголан? Причината беше тактиката. Не можев да му ја дадам улогата која ја имаше во клубот. Доколку можев да играм со 12 играчи, тој ќе беше со нас“, изјави Мартинез за белгиските медиуми.

Поради таа одлука Наинголан се повелече од репрезентацијата на Белгија.

„Ќе ми беше полесно ако ги изберев најпопуларните играчи. Дојдов во Белгија да успеам, а не да го гледам името на играчот и неговото минато“, заврши Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

„Се подготвувам за крајот на кариерата“: Левандовски наскоро оди во пензија

Капитенот на полската репрезентација, Роберт Левандовски изјави дека е „многу блиску”…